Фото: МОН

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, се осврна на преговорите со СОНК во текот на генералниот штрајк во образованието.

– Моето барање беше за образовниот процес. Досега имаме четири неработни денови и изгубено наставни материјали кои треба да се надоместат. Ние во овој генерален штрајк повикавме тоа да е последен чекор, затоа што ние сега сме со уписен конкурс за средните училишта. Побарав од СОНК како да се надоместува наставата. Уставното право на децата е да имаат настава. Во првиот состанок, заедничката цел, никогаш не се кажа збор дека не мислиме да има покачување на плата. Нашите позиции се дека овој образовен процес е многу важен. Сите знаеме како функционираат буџетите, сите знаеме во какви економски движења сме, кои доаѓаат од надвор. Може и да има настава и да се најде друг начин на покажување на револтот. Кога влегуваш во процес кога се работи да се реши проблемот, мислам дека нема причина за револт. Прашање е дали проблемот ќе се реши за три, за пет дена. Зошто децата да се гарант на овој процес – истакна Шаќири во „Студио 10“ на ТВ24.


Продолжуваат преговорите за усогласување на Колективниот договор со минималната плата на универзитетите

Независниот академски синдикат (НАкС) и Министерството за образование и наука (МОН) одржаа состанок во врска со состојбите во високото образование и науката.

На состанокот се разгледуваа условите за работа во јавните универзитети и финансирањето, со посебен акцент на неусогласеноста на Колективниот договор во високото образование и науката со новиот Закон за минимална плата од 2022 година.

– Со покачувањето на минималната плата се воедначува надоместокот што го добиваат вработените што извршуваат работи со различна сложеност и имаат различен степен на образование и се оневозможува општо земено примената на воспоставениот систем на коефициенти како систем за праведно вреднување на трудот – велат од синдикатот.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, ги афирмираше проблемите коишто произлегуваат од неусогласеноста на Колективниот договор со новиот Закон за минимална плата. Оттука, Министерството за образование и наука се согласи дека разговорите треба да продолжат и дека е потребно да се оформи работна група за надминување на овој проблем, во која ќе бидат вклучени претставници од НАкС и СОНК.

Работната група се очекува да се оформи во краток рок.