Нашиот Марјан Велевски, кој својата новинарска кариера ја круниса како главен и одговорен уредник на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“, заминува во пензија. Ние, неговите колеги, му посакуваме безгрижни пензионерски денови и му заблагодаруваме за пожртвуваноста, лојалноста и целокупниот труд. Познавајќи го, убедени сме дека новинарот во него нема да мирува.
Марјан, те чекаме во редакција и на кафе-муабет и на понекој совет.
Од денеска главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“ е нашиот колега Милко Живковиќ.