Фото: МИА

Светски ден на астма согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава се одбележува на 3 Мај и станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук-профил.

Министерот Сали наведува дека бројот на заболени во нашата држава изнесува од 80 илјади до 100 илјади и е во постојан пораст.

– Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест – напиша министерот за здравство Сали на Фејсбук.