Поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во германскиот Бундестаг Михаил Рот денеска ја поздрави средбата на премиерите на Бугарија и Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје .
Тој на неговиот официјален Твитер профил напиша дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија.
-Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја-напиша Рот на Твитер.
Михаел Рот беше државен министер за Европа од 2013 до 2021 година во владите на германската канцеларка Ангела Меркел.