Нашите демократии се под напад, а поддршката за медиумите е инвестиција во демократијата и најдобриот начин да се одбраниме себе си и да согледаме кои се предизвиците со кои денес во светот колективно сме соочени – порача амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас на денешниот завршен настан насловен „Дезинформации: како да се препознаат и да се спречат“, со кој се заокружува Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“.
– Ова е навистина важен настан – затворање на една инвестиција во нашата демократија, бидејќи поддршката за медиумите е надобриот начин да се одбраниме себе си од она што се случува денес во светот – поврзано со дезинформациите и улогата на вештачката интелигенција која може да биде корисна, но носи и голем предизвици. Да не заборавиме, во една земја членка на ЕУ претседателските избори мораа да бидат откажани. Сето ова треба да не натера да се навратиме, да размислиме за тоа дека нашите демократии се под напад. Не сакам да споделам порака или да покажам загриженост, туку сакам да поттикнам реагирање, односно да укажам на тоа дека треба да согледаме кои се предизвиците со кои денес колективно сме соочени. Затоа твининг проектите на ЕУ се покажаа како навистина успешни во работата помеѓу земјите членки и партнерските земји и особено сме горди на тоа што ги поддржуваме медиумите во оваа земја. Ваквиот вид проекти е местото каде ние ги поддржуваме меките ткива кои се и ранливи ткива на нашите демократии – рече амбасадорот Рокас.
Тој додаде дека околу 650 експерти биле вклучени во проектот, спроведени се многу разгиовори, многу тинк-тенкови биле посветени на ова прашање, но според него, важно е резултатите од проектот да продолжат и се надградат.
– Да, овој проект завршува, но ние сме на почеток, односно треба да продолжиме, да ги одржиме и надградиме резултатите од проектот и треба да покажеме дека сме будни, односно дека ќе дадеме најквалитетни информации за нашите публики, за граѓаните, а со тоа го зајакнуваме и го поддржуваме зреењето на нашите демократии, бранењето на нашите демократии, и истовремено ја поддржуваме навистина тешката работа на новинарите уредниците и сите медиуми која што мора да ја сработат и со која мора да се соочат. Зашто денеска не е прашање каде ќе најдете информации, туку каде ќе ги најдете информациите на кои може да се потпрете и на кои можете да им верувате – порача Рокас ветувајќи дека поддршката од ЕУ и земјите членки за медиумите во земјава ќе продолжи.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер изрази задоволство што денеска се финализира европската соработката меѓу медиумски претставници од Германија и од Северна Македонија кои заедно работеа и, пред се, поради времето во кое што живееме, со оглед дека средината во која јавните радиодифузери функционираат драстично се смени поради дигитализацијата, социјалните медиуми и вешташката интелигенција.
-Во изминативе години средината во која јавните радиофузери функционраат, мислам дека драстично се смени. Денес, поголемиот дел малди луѓе, ако ги прашате од каде ги добиваат информациите, тие ќе ви дадат еден ист одговор, од социјалните медиуми. Така што, социјалните медиуми станаа еден централен извор не само за информации, туку се и централен извор не само за информации, туку и за информирање на политичкото мнение. Дигиталната трансформација овозможува одлични можности за квалитетно новинарство, овозможува лесен пристап до информации од секое место, во секое време, и поширок простор за сите да можат да се изразат, односно да го изразат своето мислење. Истовремено тоа со себе носи повеќе ризици и предизвици, тоа е нешто што го гледаме, незнам дали станува збор за вест или е лажна вест. Од каде да знаеме и како да реагираме на пораки полни со омраза. Како да се справиме со емоцинализирани јавни стравови и алоргоритми кои што не се грижат за демократијата. Што и да мислите за рамнотежата помеѓу ризиците и можностите што ги носат социјалните медиуми како извор на информации, една работа е сигурна, тоа е нашата реалност. Реалност со која сите мора да се соочиме – подвлече амбасадорката Дрекслер.
Напорите, додава таа, се насочени кон тоа да се најдат најдобрите европски решенија и одговори за тоа како да го направиме тоа.
-Едно од одговорите е усвојување на актот за дигитални услуги, каде што целиме кон обезбедување побезбедни дигитани простори зачувувајќи ја слободата на изразување. Друг европски одговор на ова е инвестирање во зајакнување на капацитетите на квалитетно новинарство и да го зајакнеме новинарството како такво, бидејќи како што слушнавме, нашите демократии се под напад, и она што ни е потребно за да ги заштитиме демократиите е слободна дебата, но и слободна дебата која остава простор за нови гласови. Поддржувањето на јавниот радиофиузен тука во СМ е таква една инвестиција за зајакнување на новинарството, европска инвестиција во демократијата. Затоа сме тука денес – истакна Дрекслер.
Таа се согласи со Рокас дека овој завршен настан, нема да биде крајот на напорите, туку друга почетна точка за континуирање напори за обезбедување на целта во која јавниот радиодифузен центар ја исполнува својата улога во демократијата.
-Јавните радиодифузни сервиси и супервизорните агенции, се соочени со слични предизвици во овие модерни простори низ цела Европа и со цел тие да останат релевантни актери, работата мора да продолжи. Јас можам да ви ветам, дека Германија и Европа како целина, ќе продолжиме да бидеме партнери во напорите за зајакнување на новинарството и независните медиуми – порача германската амбасадорка.
Воведни обраќања на настанот имаа и Холгер Албрих, проектен лидер, Лазо Петрушевски претседател на Советот на АВМУ и Драган Николовски, главен и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија, како и Улрих Хермански, постојан твининг советник. Во рамки на настанот ќе следи панел дискусија и промоција на Прирачникот за справување со дезинформации.
Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) во траење од 20 месеци.