Во прилепската болница за првпат е направена лапараскопска апендектомија од страна на д-р Драги Богојески и д-р Димитар Иваноски, а тоа значи отстранување на слепо црево со помош на лапараскоп со видеокамера.
Предностите се бројни, велат од прилепската болница, во поглед на оперативениот рез, брзо опоравување, брзо станување од кревет, мал број на евентуални компликации и брзо зараснување на оперативниот рез.
Во хируршкото одделение на прилепската болница и досега се работеа и други интервенции и операции со лапараскопска метода, но ова е првпат и затоа велат дека се многу горди, пред се’ поради тоа што се меѓу првите за овој вид операција.

Ка.М.