Советот на општината Новаци набави 24 таблети за децата од четврто одделение при ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, на иницијатива на градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, исто како и претходната година.

– Бидејќи минатата година набавивме таблети за четвртоодделенците на барање на родителите, го направивме истото и оваа година за 24 ученици во ЦОУ
„Славко Лумбарковски“. Мојата заложба за вложување во децата и во нивното образование ќе продолжи и понатаму, се разбира во можностите на Општина Новаци – рече Стевче Стевановски.

Оваа програма беше усвоена минатата година, најпрво за прво и за четврто одделение, а планот на Министерството за образование е реформата да се спроведе етапно и во другите одделенија од основното образование.

– Врвен интерес е да се подигне квалитетот на образованието за да одговори на предизвиците на новото време, зашто пандемијата покажа колку е важен капацитетот на образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува. За подготовка на следната генерација за новото време потребна е дигитализаци на образовниот систем со која ќе се дефинира современата наставата со примена на средставата за електронска комуникација – рече Вецко Стојчевски, директор на ОУ „Славко Лумбарковски“. М.М.