Фото: З.А.

Иако викендов беше планирано чистење на отпадот од дното на Осломејско Езеро, сепак поради матност на водата и ниската температура од  пет Целзиусови степени чистењето е одложено за мај, потврди претседателот на СРД „Хантер Фиш“ од Кичево, Бесмир Елези.

– Нашите планови викендов да го исчистиме отпадот наталожен на дното на Осломејско Езеро сепак не се реализираа, од причина што водата во езерото беше многу матна, што придонесе видливоста на дното да биде многу слаба. А во исто време и температурата на езерската вода беше многу ниска и изнесуваше само пет степени. Во договор со нуркачите од друштвото „Пена“ од Тетово, одлучивме овој зафат да се одложи и да се реализира во мај, кога очекуваме условите да се подобрат. Инаку, нуркачите се спуштија до длабочина од 8,5 метри, по што беа констатирани горенаведените проблеми на езерската вода – истакна Елези. З.А.