Во дворот на штотуку изградената црква „Света Варвара“ во село Долни Добреноец, поставена е нова мемерна плоча со господова молитва. Молитвата ја напиша професор по ликовна уметност од Кичевo, a ја изгравира мајстор за надгробни споменици.
– На иницијатива на повеќе верници од нашето село, во дворот на штотуку изградената црква„ Света Варвара“, поставена е мермерна плоча со господова молитва. Божјата молитва ја напиша професор по ликовна уметност од Кичево. Плочата е набавена од рудникот за мермер кај село Преглово, а ја изработи мајстор за надгробни споменици. Секој што ќе влезе во црковниот двор, најпрво своето внимание ќе го насочи кон божјата молитва, а потоа ќе се упати во новоизградениот храм што почна да се гради пред десетина години. Во текот на септември, по две одлагања поради короната, храмот конечно да биде и осветен -рече Добре Никоски, член на црковниот одбор во село Долни Добреноец. З.А.