Фото: Зоран Антоски

Кичевската и мавровско-горнореканската чета денес го изодуваат вториот ден од Илинденскиот марш и по ноќевањето во селото на Јордан Пиперката, Козица, утринава се упатија кон селата Белица и Велмевци, каде го посетија и неговиот споменик во месноста Черешна, надвиснато над село Велмевци и церско поле.Тие се поклонија пред споменикот на војводата и неговите соборци и направија повеќе фотографии како спомен од овој ден.

– Да се помине по овој пат а да не се посети споменикот на големиот Војвода Јордан Пиперката и неговите соборци би била неопростива грешка.Токму затоа ние имаме завет од големиот Војвода да ја продолжиме традицијата и да си ја сакаме земјата. Со својата бестрашност и пожртвуваност Пиперката станал пример како се сака и брани татковината, а ние сме тука да го чуваме неговиот идеал – нагласи Христијан, жител на родното село на Пиперката, Козица. З.А.