Во организација на локалната група Агро Лидер во Прилеп денеска се одржува конференција Green Up Yourself, со цел промоција на зелената агенда и вклучување на младите во зелените агенди, за можат да ги предводат промените во заедницата. Конференцијата се реализира во соработка со партнерски организации од Шпанија, Италија, Словенија, Кипар и Грција, со кои Агро Лидер работеле две години на иновативна платформа за претприемништво и вработливост на младите во руралните средини.
-Нашата цел е поттикнување на младите активно да придонесат во зелената транзиција и да се охрабрат во нивните претприемачки потфати, да се поврзат со бизнис заедницата и да отпочнат со бизниси. Младите имаат знаење, тоа го сфативме реализирајќи ја платформата во СУ Орде Чоплеа и во Универзитетот од Тетово, но им треба поттик – вели Марина Тошеска од Агро Лидер.
Од практичен аспект ваквите настани се доста корисни смета професорот Ѓорѓија Гагалески од СУ „Орде Чопела“, кој на конференцијата дојде со неговите ученици.
-Беше корисно да се чуе за доближувањете на зеленото претприемништво до младите. Потребно е подигнување на свеста кај учениците. Да имаат промена на размислување за зелената агенда и за заштита на животната средина – вели професорот Гагалески.
Мигуле Рикарио од Шпанија посочува дека е најважно и напотребна е подршка на владите во сите земји за да младите останат во руралната средина, додека Филип Димкоски од Градината на Филип, агроном инжинер, смета дека младите се исселуваат, но оние кои остануваат имаат проблем што многу малку знаат за можностите и бенефиците за земјоделство.
– Со едукации можат да научат дека бенефитот од земјоделството е на високо ниво. Кај нас треба да има регулативи и да се поттикнат младите за важната улога на земјоделството, без кое нема храна – вели Димкоски.
Ка.М.