Фото: Зоран Антоски

На иницијатива на младиот поет и писател од Македонски Брод, Бојан Бежоски, денес во подрачните основни училишта во селата Манастирец и Самоков, им беа подарени книги на учениците од овие училишта од младиот литерат. Тој овој потег го направи на сопствена иницијатива и како што посочи и децата од руралните средини заслужуваат подеднакво внимание и почит.

Иницијативата на Бежоски беше со задоволство прифатена од наставниците по македонски јазик и литература во овие училишта Христина Трпческа и Васе Сиљаноски.

– Книгата е единствениот и најдобар начин да се дружиме и да прошетаме во места каде што никогаш не сме биле. Исто така читајќи ги книгите се збогатува и речникот на младите ученици, а се стекнуваат и со навика што повеќе да читаат, да се образуваат и надградуваат – истакна младиот литерат Бежоски и најави дека и наредните години пред највеселата ноќ, учениците од следните генерации ќе добијат по една од неговите книги.  З.А

Фото: Бојан Бежоски /З.А