Фото Ка.М.

Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска на прес-конференција ја објави програмата со која ќе се одбележи 79 години од ослободувањето на градот во Втората светска војна.

– Со тридневна програма, организирана од Советот и Локалната самоуправа, во која што има низа  хуманитарни и спортски настани од 1 до 3 ноември Прилеп ќе чествува по повод 3 Ноември, најзначајниот празник за нашиот град. Одбележувањето завршува со традиционалната свечена седница, која што ќе се одржи на 3 ноември во 19 часот во големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков, на која ќе бидат доделени третоноемвриските награди – посочи Проданоски на прес конференцијата. Ка.М.