По петти пат во Кинеската населба во село Извор, беа прогласени најдобрите работници на „Синохидро“, главен изведувач на работите на автопатот Кичево-Охрид за 2019 година. На листата најдобри работници се најдоа вработени во сите одели, или вкупно 13 домашни работници добија сертификати и стимулативни парични награди во износ од по 6.000 денари.

Сертификатите на најдобрите работници им ги врачи проект менаџерот на „Синохидро“ Шу Чиучанг, кој посочи, дека работниците што беа прогласени за најдобри минатата година се пример и за останатите вработени во компанијата, и тие да ги следат нивните стапки и догодина да се најдат на листата најдобри работници.

На списокот наградени работници што добија сертификати се најдоа: Саве Најдески, Мирко Деспотоски и Стефан Страхињиќ ангажирани во изградба на тунелите, Даниела Милошеска – контракт, Миланка Калеска и Зоран Стефаноски од одделот за безбедност, Никола Петрески и Бобан Милошески од логистика, како и лаборантот Аце Стерјоски, геодетот Горан Трајкоски, Јасмина Спасеноска од финансии и Стојанче Стојкоски и Анита Стојкоска од човечки ресурси.

Наградените работници беа презадоволни што токму тие ги добија сертификатите за 2019 година, според изборот на менаџментот на компанијата во којашто работат.

– Доделувањето на сертификатот и паричната награда, се најдобра потврда за мојата посветеност во работата во изминатите три години. Благодарение на несебичниот ангажман, по три години работа во „Синохидро“, менаџментот на компанијата ме стави во најтесниот избор за најдобри работници за 2019 година. Наградата ме стимулира и обврзува и, наредните години да продолжам по истиот пат се до завршувањето на автопатот Кичево-Охрид. Овој избор ми е до толку позначаен бидејќи е извршен од страна на менаџментот на една голема светска компанија како што е„ Синохидро“ и, убаво е чувството кога се добиваат вакви награди и признанија – рече Стојанче Стојкоски, еден од наградените за 2019 година.