Синоќа во Старата битолска чаршија пред просториите на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, со многу емоции и познатиот детски џагор, и за прв пат без идејниот творец и основачот на фестивалот, Коста Хаџи Антоновски, со традиционалниот огномет беше отворено 40-то јубилејно издание на „Малиот битолски Монмартр“.

Во име на Општина Битола, се обрати заменик градоначалничката Емилија Костурски. Пред присутните се обрати и Елена Хаџи Антоновска, ќерката на Хаџи Антовски, која потсети на почетоците на „Малиот битолски Монмартр“ и како течеше манифестацијата во изминатите 40 години.

Иаку годинава на конкурсот учествуваа 453 училишта од 33 држави во светот со 13.737 цртежи.

Највисокото признание, наградата „Гран при“, годинава отиде за училиштето „School 1955” од Москва, Русија.

Награди за најдобра колекција „Златна четка” отпатува за Јапнија, а ја прими јапонскиот амбасадор во Македонија, Савада Хиронори.

На отворањето беа прикажани видео пораките од децата и нивните ментори кои годинава поради пандемијата не допатуваа од Битола, а ги имаше од Русија, Јапонија, Португалија, Србија итн.

Фестивалот во видоизменет начин ќе трае до 30 мај.

М.М.