Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола, во органзиација на продуцентот Панде Димитровски, по деветти пат ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“.

Оваа година „Незаборав“ ќе биде посветен на фестивалските фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест Валандово во периодот од 1985 до 2000 година.

Предвидено е на концертот да настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска.

Во изминатите 9 години „Незаборав“ беше посветен на битолските пејачи, Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков и „Битолските конзули“.

М.М.