Наскоро Битола ќе добие нова детска градинка, која ќе има капицитет за згрижување на 150 деца, на возраст од 6 месеци до 6 години. Новата детска градинка ќе биде изградена во Нова Битола, спроти основното училиште „Св. Климент Охридски“.

Изградбата на новата детска градинка е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од
предучилишна возраст.

За изградбата на новата детска градинка, Министерството за труд и социјална
политика, во соработка со Општина Битола, на 21 декември ќе организира јавна расправа, која ќе се одржи онлајн, преку интернет-платформата Зум. Основната цел на јавната расправа е да се информираат граѓаните на Битола и засегнатите страни.

Општина Битола неодамна распиша тендер за изградба на детска градинка во АРМ, за чија изградба германската компанија „Кромберг и Шуберт“ веќе донираше 180.000 евра. М.М.