Фото: Зоран Антоски

Покрај многуте раритетни книги и ракописи стари и по неколку векови, и пребогатиот етно музеј, библиотеката во село Бабино, Демирхисарско, се гордее и со еден примерок од првиот број на дневниот весник „Нова Македонија“, што излезе пред 75 години.

Сопственикот на оваа библиотека со над 20.000 наслови на книги од сите жанрови, Стево Степановски, при последната посета на неговата библиотека истакна дека, како и секој Македонец, и тој е горд на првиот примерок на „Нова Македонија“, што се наоѓа во овој храм на убавата книга, кога новинарството ги направи првите чекори, што засекогаш ќе биде запишано во поновата историја на Македонија. Тој со задоволство на своите гости ќе им го покажува токму овој број на весникот, како почеток на нашата журналистика. З.А.