Во угостителски објект во Кичево денеска се одржа традиционалната средба помеѓу дијаспората од Кичево и кичевско и градоначалникот Фатмир Дехари. На оваа средба присуствуваше и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој во текот на оваа средба имаше и свое обраќање до присутните. Најпрво на многубројните присутни во салата, преку видео презентација, им се обрати првиот човек на кичевската администрација, Фатмир Дехари.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/80555736_1048066002221032_1119461132390629376_n-696x338.jpg)
-Како и во изминатите пет така и во шестата година од мојот мандат реализиравме огромен број на проекти, кои во тековната година се завршени, а со уште поголем интензитет ќе продолжиме и наредната календарска година. Сѐ што беше планирано за оваа година во целост е реализирано, со што општината покажа голем капацитет за реализација на планските задачи. Изградени се патишта до повеќе села и во самите села, како што се селата Строгомишта, Бачишта, Колари,
Тој побара од печалбарите и тие да се вклучат со свои инвестиции за развој на општината, а еден од нив ќе се реализира во текот на наредната година а тоа е фабриката за вода во близина на Кичево.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/80689161_506096426676096_793867530060955648_n-696x522.jpg)
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, своето обраќање го посвети во најголем дел на перспективите на земјава со скорешен влез во НАТО и Европската Унија што ќе ѝ овозможи на Македонија да биде уште попривлечна дестинација за инвеститорите и да започне побрз економски развој.
На крајот на средбата, луѓето од дијапората изразија големо задоволство за транспарентноста и отчетноста на општината кон граѓаните кои живеат и работат во земјава и надвор од неа.
З.А.