Фото: Архива

На денешната седница на Владата донесена е одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, на предлог на државниот правобранител, односно Министерството за правда.

Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, како и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, соопшти Владата.