Фото: Архива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто во однос на одлуката од 2 јануари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,355%, кај дизелот 2,341%, кај екстра-лесното масло 2,138% и кај мазутот зголемувањето 0,219%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566%.

Од 10 јануари од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 77 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 79 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,5 (денара/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72 (денара/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,517 (денар/килограм)

Малопродажните цени на евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат еден денар/л.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,5 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,281 денари/кг и сега ќе изнесува 41,517 денар/кг.