Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонско друштво „Илинден” – Тирана апелира за финансиска помош за изградба на камбанарија на православниот храм „Свети Архангел Михаил” во центарот на Пустец во Мала Преспа, Албанија.

Поради тоа, македонското друштво „Илинден“- Тирана ги повикува Македонците како во Албанија, така и низ целиот свет да помогнат за изградба на камбанарија на црквата „Свети Архангел Михаил”.

– Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. Секој според сопствените можности и својата волја. Според зборовите на Македонците од Пустец „ѕвоното е одамна донесено, но поради фактот што недостасува соодветна камбанарија ѕвоното е обесено на едно железо, кое служи како недостојна замена за камбанарија. По молба и барање на македонските верници од Пустец за изградба на камбанарија крај црквата „Св. Архангел Михаил”, која навистина им е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која ѝ одговара на црквата – се наведува во апелот. Предвидено е камбанаријата да биде висока 15 и широка четири метри.

Објавени се и жиро-сметките  за донации за изградба на камбанаријата. Преку сметка во банка за внатре во Албанија 410590037010117 – преку сметка во банка надвор од Албанија на AL89214411030410590037010117.