Фото: М.М.

На први јули годинава, општина Битола, објави јавен конкурс за избор на идејно решение за изградба на спортско рекреативен центар, кое ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план ДУП за АРМ, Четврт 2.
Според информацијата на општина Битола, по писмено барање на заинтересираните субјекти, доставено преку електронскиот систем за јавни набавки, имајќи предвид дека траењето на конкурсот е во период кога се користат и годишни одмори, истиот е продолжен за 15 дена и крајниот рок за доставување на понудите или пријавите за учество е: 15.09.2022 година.
Според условите во конкурсот во новиот спортско рекреативен центар треба да се изгради комплетно нова спортска сала со капацитет од 5.000 гледачи, ракометно, кошаркарско,одбојкарско и фудбалско игралиште за мал фудбал и други придрижни содржини.
Новиот спортско рекреативен центар според урбанистичкиот план ќе се гради во кругот на Касарната.

М.М.