Париз сака да ѝ дозволи на Софија да ги внесе своите билатерални барања во преговарачкиот процес на Европската Унија, што е опасен чекор, не само за Македонија, туку и за целата ЕУ, пишува Едвард Џозеф во авторски текст за „Форин Полиси“, истакнувајќи дека „пристигнала балканскатата криза на американскиот претседател Џо Бајден, кој сега гледа на катастрофа што истовремено се развива во две држави членки НАТО – хаос што првично го создал третиот сојузник, Франција.
Екстремниот бугарски национализам има една сеопфатна цел да го негира македонскиот идентитет, како што посочува Џозеф, додавајќи оти решението е САД и сојузниците како Обединетото Кралство, да склучат билатерален културен договор со Македонија, што го потврдува македонскиот идентитет. Според него, договорот може да биде склучен брзо според неодамна отворениот стратешки дијалог меѓу САД и Македонија.
– Вашингтон треба да ја надополни француската понуда со додавање на состојката што недостасува: наметнување на цената на Бугарија за нејзината идентитетска агресија. Владата на САД едноставно „ќе признае дека македонскиот народ има своја историја, култура, наследство и македонски јазик“ – токму таквиот идентитет што бугарските националисти сакаат да го избришат – пишува Џозеф, сметајќи дека францускиот предлог би предизвикал политичка криза во Македонија, доколку биде прифатен во Софија.
Поддршката за Македонија, според Џозеф, би ја соочило со Бугарија со бесмислената залудност на нејзината мисија.
– Со обезбедување силна политичка одбрана на идентитетот на Македонија – слична на воената помош за одбрана на територијата на една нација – Бугарија би се соочила со реалноста: бесмислената залудност на нејзината мисија. Вашингтон е подобро да ја примени американската моќ за да се справи со проблемот: опипливата и разбирлива несигурност што ја имаат Македонците од заканувачкиот сосед член на ЕУ и НАТО – заклучува Џозеф, нагласувајќи дека бугарското вето го запира и патот на Албанија кон ЕУ.