Украина се бори за целиот свет

Украинската амбасада во Македонија неодамна го објави ставот на министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников.
Десет дена 4 часа 20 минути – 244. Украина се бори за целиот свет
Продолжуваме да му даваме отпор на непријателот. Руските окупатори не можеа да нѐ уништат, не можеа да нѐ скршат. И нема да можат! Вооружените сили на Украина, територијалната одбрана, секој волонтер, секој граѓанин на Украина продолжува да ја брани нашата земја, нашите животи.
Ја поставивме економијата на земјата на воена основа.
Фабриките продолжуваат да работат, исполнуваат воени нарачки, поправаат опрема, воените трофеи ги претвораат во оружје. За да се бори, земјата мора да работи, секој на своето место. Ако бевте принудени да се евакуирате – најдете работа на ново место – вашата помош е потребна насекаде.
Состојбата на позициите е под контрола. Да, имаме и ние загуби. Но секое име, секој наш херој нема да биде заборавен. Исто како што нема да биде заборавен секој убиец. Ја разбираме вредноста на животот и вредноста на слободата. Животот на секој Украинец е бесценет!
Во одредени правци нашите војници вршат контранапад, непријателот губи десетици единици техника, само ја фрла и бега. Пополнувајќи го на тој начин нашиот „парк“ со техника. Непријателот ќе умре од сопственото оружје.
Кремљ сè уште не сака да го прифати и признае неговото фијаско. Но тоа време се наближува.

Растат незадоволството и деморализацијата кај окупаторските сили. И кај нив доаѓа просветлување, како и кај некои руски олигарси.
Има сè повеќе случаи на неподготвеност за војување.
Непријателот продолжува да трпи значителни загуби. Уништени се повеќе од 90 авиони и хеликоптери. Тие се соборени од противвоздушната одбрана, морнарицата, нашите киборзи низ целата земја. Заробени се неколку непријателски пилоти – ова се важни сведоци на идниот воен трибунал. Додека некој се плаши да го затвори небото над Украина, нашата армија си ја врши работата и го уништува непријателот.
Најспособните единици на непријателот беа поразени: непријателот беше запрен во Киев и Харков. Кај Миколаев е одвратен. Одеса е нашиот стратегиски резерват. Дополнувањето на силите на непријателот ќе станува сè потешко, квалитетот на дополнувањето ќе биде уште понизок.
Кремљ конечно ги отфрли обидите да ги скрие своите намери – тие дојдоа да ја уништат нашата земја, да го уништат нашиот народ. Нема да успеат.
Тие водат војна со жени и деца. Тие не ги победија војниците што го бранеа Харков – започнаа војна со Универзитетот во Харков. Русите се обични терористи. И терористите ќе бидат уништени.

Непријателот дава отпор, но ние правиме сѐ што е можно за да ги обезбедиме хуманитарните коридори, да го извадиме нашиот народ од гранатирањето и да обезбедиме хуманитарна помош. Нема да оставиме никого и ќе се вратиме многу брзо.
Денес, Украина продолжува да се залага за слободата на светот: украинските деца и жени ги спасуваат вашите деца и жени по цена на нивните животи додека вие се двоумите да го затворите небото. Нашите мажи ги спасуваат вашите по цена на нивниот живот. Додека вие се плашите да го затворите небото. Одамна престанавме да се плашиме од вештачки создадената слика на „голема Русија“. И целиот свет мора да престане!
Се бориме со сите сили. Победата е близу! Победата, како и вистината, е со нас!

Слава на Украина!

Олексиј Резников министер за одбрана на Украина