Спо­ред ака­де­мик Ка­ти­ца Ќу­ла­вко­ва, на­ме­сто пре­го­во­ри со Европ­ска­та Уни­ја, до­би­ва­ме пре­го­во­ри со Со­фи­ја за ус­ло­ви што не мо­жат да би­дат ис­пол­не­ти и за пра­ша­ња што не сме­ат да би­дат пред­мет на пре­го­во­ри. Ќу­ла­вко­ва наг­ла­су­ва де­ка по­стој­ни­те до­ку­мен­ти се увод за де­на­ци­о­на­ли­зи­ра­ње на Ма­ке­дон­ци­те и ко­ло­ни­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја

Ставот на македонската врвна научна мисла

За фран­цу­ски­от пре­долг и акту­ел­на­та со­стој­ба со свое ви­ду­ва­ње из­ле­гоа и не­кол­ку ака­де­ми­ци, ме­ѓу кои и Љуп­чо Ко­ца­рев, пре­тсе­да­тел на МАНУ и пот­пис­ник на ма­ке­дон­ски­от ма­ни­фест. Ака­де­ми­кот Ко­ца­рев из­ле­зе со ја­сен став, образ­ло­жу­вај­ќи де­ка ни­ко­гаш во исто­ри­ја­та на ед­на др­жа­ва, вклу­чу­вај­ќи ја и на­ша­та, или на­род, вклу­чу­вај­ќи го и на­ши­от, не се слу­чи­ло тоа што се слу­чу­ва де­но­ви­ве во Ма­ке­до­ни­ја. Ака­де­мик Ко­ца­рев наг­ла­су­ва де­ка ма­ке­дон­ски­от естаб­лиш­мент по­да­де се, не са­мо сво­и­те пред­ци ту­ку и сво­и­те по­ко­ле­ни­ја.
Свој став за фран­цу­ски­от мо­ди­фи­ци­ран пред­лог иска­жа и ака­де­мик Ка­ти­ца Ќу­ла­вко­ва. Спо­ред неа, на­ме­сто пре­го­во­ри со Европ­ска­та Уни­ја, до­би­ва­ме пре­го­во­ри со Со­фи­ја за ус­ло­ви што не мо­жат да би­дат ис­пол­не­ти и за пра­ша­ња што не сме­ат да би­дат пред­мет на пре­го­во­ри. Спо­ред неа, не по­сто­јат ни­ка­кви га­ран­ции од Бри­сел ту­ку са­мо оп­ти­ми­стич­ки тол­ку­ва­ња, ка­ко што бе­ше за Прес­пан­ски­от до­го­вор. Ќу­ла­вко­ва наг­ла­су­ва де­ка по­стој­ни­те до­ку­мен­ти се увод за де­на­ци­о­на­ли­зи­ра­ње на Ма­ке­дон­ци­те и ко­ло­ни­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја.
– Не­об­ја­ву­ва­ње­то на про­то­ко­лот е на­вред­ли­во и кри­ми­нал­но. Це­ла­та по­стап­ка е не­транс­па­рент­на. Ма­ке­дон­ски­те ин­сти­ту­ции тре­ба да го об­ја­ват јав­но и на ма­ке­дон­ски ја­зик про­то­ко­лот за да мо­же це­ло­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво и ма­ке­дон­ски­от на­род да оце­нат да­ли про­то­ко­лот е при­фат­лив или не – ве­ли Ка­ти­ца Ќу­ла­вко­ва.