Фото: Пексел

Иако официјално не е започната изборната кампања ниту за претседателските, ниту за парламентарните избори, од сите страни катадневно се слушаат јавните препирки кој повеќе ги брани државните интереси, кој работи за граѓаните, а кој спротивно на граѓанските и државните интереси…

Политичарите забораваат кој ги носи на власт и кому треба да му ги полагаат сметките

Иако официјално не е започната изборната кампања ниту за претседателските ниту за парламентарните избори, од сите страни катадневно се слуша кој повеќе ги брани државните интереси, кој работи за граѓаните, а кој спротивно на граѓанските и државните интереси.
Без оглед што досегашната практика потврди дека во предизборието сите се расфрлаат со обични предизборни флоскули и се удираат во гради најсилно што можат, кога ќе стапат на функција премолчено ги спроведуваат политиките што ги диктираат моќните меѓународни центри и на тој начин всушност работат за нечии други стратегиски интереси, најмалку за македонските.

Граѓаните се важни до затворањето на гласачките места?!

Оние што го бараат мандатот на граѓаните пред секои избори, брзо забораваат дека гласачите им ја даваат довербата затоа што веруваат оти тие ќе ги застапуваат граѓанските и националните интереси, а не партиските политики, кои во најголем дел се во корелација со инструкциите што стигаат од Брисел и од Вашингтон.
Во целата таа ситуација граѓаните се заборавени истиот ден, веднаш по затворањето на гласачките места, кога почнуваат калкулациите за поделба на победничкиот колач и за запоседнување на институциите.
Токму таквиот однос низ годините ги направи политичарите имуни на вистинските желби и потреби на граѓаните за време на нивниот мандат, но и без никаков осет за пораките што општеството им ги испраќа околу клучните прашања што се однесуваат на курсот што државата треба да го заземе во меѓународни рамки.
Од тие причини, само за да им се додворат на меѓународните партнери, домашните политичари настапуваат со поголемо чувство и емпатија кон желбите и потребите на соседните држави, отколку да се грижат за сопствениот народ и неговите потреби.
Имено, во последниот период е актуелна кризата со личните документи и неможноста тие навремено да се заменат, со што голем број македонски граѓани се најдоа во ситуација да бидат заложници во сопствената држава, без можност да излезат надвор. Наместо да се најде некакво решение како да им се излезе во пресрет на граѓаните, политичарите од власта побрзаа да кажуваат дека Македонија не смеела да прекршува меѓународен договор, ставајќи се директно на иста линија со ставовите на шефот на грчката дипломатија, кој кажа дека станува збор за меѓународен договор според кој земјава мора да ги исполни сите точки од Преспанската спогодба и дека официјална Атина будно ќе го следи целиот процес.
– Наместо лажна надеж и иницијативи за уставни измени и промена на закони со кои пасошите со старото името ќе важат и по истекот на рокот, 12 февруари, фокусот сега треба да се стави на тоа што е можно повеќе луѓе да добијат нови лични документи – изјави пред извесно време министерот за надворешни работи Бујар Османи, притоа додавајќи дека за пролонгирање на рокот ќе треба нов договор со Грција, оти ова, како што кажа, не е одлука на една влада.
Со ваквиот став, министерот всушност се става во позиција на заштита на грчките интереси во Договорот од Нивици, наместо низ меЃународноправните механизми да најде „дупка“ во договорот со кој ќе можеше да се продолжи важноста на пасошите барем за уште девет месеци. Уште повеќе, како министер за надворешни работи морал да ја знае оваа одредба од Преспанскиот договор и во таа насока уште пред година-две преку тајни дипломатски канали да контактира со грчката страна и да договори некакво преодно решение во интерес, пред сѐ, на македонските граѓани. Истиот наратив го споделуваа и собранискиот спикер, пратеници, некои затворени интелектуални кругови, поранешниот премиер, кои во името на некакво меѓународно право застануваа во одбрана на интересите на другите земји, а не на Македонија.

Во служба на меѓународните, а не на домашните интереси

Ваков однос беше очекуван бидејќи истите политички струи ги подготвуваа Договорот за пријателство и соработка со Бугарија и Преспанската спогодба, водејќи го целиот процес под превезот на тајноста и целосно исклучувајќи ја јавноста од какви било информации. Дополнително, за овие прашања и за решенијата не се остави никаква можност за каква било општествена дебата, се игнорираа сите експертски мислења, а процесот го водеа два-тројца индивидуалци, на кои граѓаните во никој случај не им дале таков мандат на изборите. Со други зборови, тие ја занемарија и најдрско ја изиграа граѓанската волја во име на желбите и потребите на Брисел и на Вашингтон. Се оглушија и на институтот „референдум“, највисокиот демократски изблик на граѓанската волја, па постапуваа во име на нечии туѓи интереси, правдајќи се дека „ако дозволеле народот да одлучува, земјата ќе останела заглавена“.
Неодамна, токму на Меѓународниот ден на жената, Ирска беше сведок на два клучни референдуми. Првиот го доведе во прашање отстранувањето на дефиницијата во која се наведува дека бракот е „основата на која се заснова семејството“. Вториот се обиде да го избрише делот во кој се тврди дека „местото на жената е во куќата“. Колку и да станува збор за анахрони ставови и далеку од модерните европски сфаќања, сепак ирските граѓани се спротивставија на уставните измени и ирскиот премиер Лео Варадкар мораше го прифати тоа, без оглед колку и да не се согласува со ставовите на своите граѓани.

Иако официјално не е започната изборната кампања ниту за претседателските ниту за парламентарните избори, од сите страни катадневно се слуша кој повеќе ги брани државните интереси, кој работи за граѓаните, а кој спротивно на граѓанските и државните интереси. Без оглед што досегашната практика потврди дека во предизборието сите се расфрлаат со обични предизборни флоскули и се удираат во гради најсилно што можат, кога ќе стапат на функција премолчено ги спроведуваат политиките што ги диктираат моќните меѓународни центри и на тој начин всушност работат за нечии други стратегиски интереси, најмалку за македонските.

Граѓаните се важни до затворањето нагласачките места?!

Оние што го бараат мандатот на граѓаните пред секои избори, брзо забораваат дека гласачите им ја даваат довербата затоа што веруваат оти тие ќе ги застапуваат граѓанските и националните интереси, а не партиските политики, кои во најголем дел се во корелација со инструкциите што стигаат од Брисел и од Вашингтон.
Во целата таа ситуација граѓаните се заборавени истиот ден, веднаш по затворањето на гласачките места, кога почнуваат калкулациите за поделба на победничкиот колач и за запоседнување на институциите.
Токму таквиот однос низ годините ги направи политичарите имуни на вистинските желби и потреби на граѓаните за време на нивниот мандат, но и без никаков осет за пораките што општеството им ги испраќа околу клучните прашања што се однесуваат на курсот што државата треба да го заземе во меѓународни рамки.
Од тие причини, само за да им се додворат на меѓународните партнери, домашните политичари настапуваат со поголемо чувство и емпатија кон желбите и потребите на соседните држави, отколку да се грижат за сопствениот народ и неговите потреби.
Имено, во последниот период е актуелна кризата со личните документи и неможноста тие навремено да се заменат, со што голем број македонски граѓани се најдоа во ситуација да бидат заложници во сопствената држава, без можност да излезат надвор. Наместо да се најде некакво решение како да им се излезе во пресрет на граѓаните, политичарите од власта побрзаа да кажуваат дека Македонија не смеела да прекршува меѓународен договор, ставајќи се директно на иста линија со ставовите на шефот на грчката дипломатија, кој кажа дека станува збор за меѓународен договор според кој земјава мора да ги исполни сите точки од Преспанската спогодба и дека официјална Атина будно ќе го следи целиот процес.
– Наместо лажна надеж и иницијативи за уставни измени и промена на закони со кои пасошите со старото името ќе важат и по истекот на рокот, 12 февруари, фокусот сега треба да се стави на тоа што е можно повеќе луѓе да добијат нови лични документи – изјави пред извесно време министерот за надворешни работи Бујар Османи, притоа додавајќи дека за пролонгирање на рокот ќе треба нов договор со Грција, оти ова, како што кажа, не е одлука на една влада.
Со ваквиот став, министерот всушност се става во позиција на заштита на грчките интереси во Договорот од Нивици, наместо низ меЃународноправните механизми да најде „дупка“ во договорот со кој ќе можеше да се продолжи важноста на пасошите барем за уште девет месеци. Уште повеќе, како министер за надворешни работи морал да ја знае оваа одредба од Преспанскиот договор и во таа насока уште пред година-две преку тајни дипломатски канали да контактира со грчката страна и да договори некакво преодно решение во интерес, пред сѐ, на македонските граѓани. Истиот наратив го споделуваа и собранискиот спикер, пратеници, некои затворени интелектуални кругови, поранешниот премиер, кои во името на некакво меѓународно право застануваа во одбрана на интересите на другите земји, а не на Македонија.

Во служба на меѓународните, а не на домашните интереси

Ваков однос беше очекуван бидејќи истите политички струи ги подготвуваа Договорот за пријателство и соработка со Бугарија и Преспанската спогодба, водејќи го целиот процес под превезот на тајноста и целосно исклучувајќи ја јавноста од какви било информации. Дополнително, за овие прашања и за решенијата не се остави никаква можност за каква било општествена дебата, се игнорираа сите експертски мислења, а процесот го водеа два-тројца индивидуалци, на кои граѓаните во никој случај не им дале таков мандат на изборите. Со други зборови, тие ја занемарија и најдрско ја изиграа граѓанската волја во име на желбите и потребите на Брисел и на Вашингтон. Се оглушија и на институтот „референдум“, највисокиот демократски изблик на граѓанската волја, па постапуваа во име на нечии туѓи интереси, правдајќи се дека „ако дозволеле народот да одлучува, земјата ќе останела заглавена“.
Неодамна, токму на Меѓународниот ден на жената, Ирска беше сведок на два клучни референдуми. Првиот го доведе во прашање отстранувањето на дефиницијата во која се наведува дека бракот е „основата на која се заснова семејството“. Вториот се обиде да го избрише делот во кој се тврди дека „местото на жената е во куќата“. Колку и да станува збор за анахрони ставови и далеку од модерните европски сфаќања, сепак ирските граѓани се спротивставија на уставните измени и ирскиот премиер Лео Варадкар мораше го прифати тоа, без оглед колку и да не се согласува со ставовите на своите граѓани.
– Нашата одговорност беше да го убедиме мнозинството луѓе да гласаат „за“, но очигледно не успеавме да го направиме тоа – призна премиерот Варадкар, размислувајќи за исходот.
Тоа говори за фактот дека тие функционери се целосно свесни дека се избрани од народот и мора да ги спроведуваат политиките што граѓаните ги бараат од политичарите, а не политиките што сметаат дека треба да ги спроведат на своја рака или, пак, што е уште полошо, што им ги диктира некој однадвор.
– Очигледно нашиве политичари почнуваат да страдаат од амнезија веднаш по завршувањето на изборите, па брзо забораваат дека ветувале дека ќе се борат и ќе ги бранат граѓанските интереси. Додека се во кампања сите говорот за народот, дека ќе ја бранат граѓанската волја, ќе ги спроведуваат политиките што се во полза на граѓаните, но веќе следниот ден по изборите тоа се веднаш други луѓе, гледаат кој која позиција да ја запоседне и како подолго да ја задржи. Последниве седум години сведоци сме на политики што се исклучиво во полза на соседните земји и на меѓународната заедница. Цело време слушавме дека се затворени отворените прашања со соседите, за сега да видиме дека не само што не се затворени туку претставуваат извор на постојани проблеми со тоа што државата е донесена во подреден однос. И наместо истите тие луѓе што ја подготвија целата оваа каша да излезат и да кажат дека погрешиле и да ја преземат одговорноста за тоа, продолжуваат да ги бранат ставовите и на Грција и на Бугарија, говорејќи дека ние ќе бидеме лошите ако се обидеме да прекршиме меѓународен договор, без да изустат збор против оние што веќе ги прекршија договорите. Повеќе од половина милион луѓе немаат документи, нашиве политичари велат дека нема решение, оти така ќе сме го нарушеле договорот со Грција. Бугарија ни стави три вета, не спроведува пресуди на Европскиот суд на човекови права во полза на македонското малцинство таму, нашиве велат таков бил бугарскиот устав, тие не може да го сменат уставот, но ние може да го менуваме бесконечно и да ги впишеме Бугарите во нашиот устав. Па, дури и нашиот претседател на државата излезе да каже дека тоа било „невозможна мисија“. Тоа не оди така. Ако 80 отсто од граѓаните, експерти, професори, интелектуалци, ти кажуваат дека не е добар францускиот предлог, не прифаќај го. Ако мнозинството граѓани не излегоа на референдумот за името оти сметаат дека никој нема право да одлучува за нешто што е надвременско и надгенерациски, но и ако добар дел се свесни дека тоа води кон идентитетски инженеринг, не можеш да носиш одлуки спротивно на волјата на граѓаните само затоа што сметаш оти на тој начин ќе излезеш подобар во очите на меѓународната заедница и така ќе ти даваат поддршка подолго да останеш на власт. Тоа не е почитување на граѓанската волја, тоа е само болна желба за владеење – велат соговорниците со кои продискутиравме околу тоа колку политичарите вистински се грижат за граѓанските интереси.