Фото: Принтскрин

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце

Железничката пруга Куманово-Бељаковце вчера беше пуштена во употреба по завршувањето на градежните работи на делницата (коридор 8 источна делница).
Пругата Куманово-Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово), реконструирана постојната железничка станица Куманово, шест стојалишта, пет моста, еден тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.
На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, алуминиумски седишта, челични натстрешници, дисплеи, лед-осветлување.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со претставниците на медиумите и други гости, имаа можност да се извозат со локомотива по новоизградената железничка пруга. Н.М.