Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово.
– Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“, да се замени со „албански јазик како службен јазик во Република Северна Македонија – информираа од партијата.
Службата за информирање при ДПА соопшти и дека на конгресот е избран нов состав на централното собрание.