Фото: СДСМ

ВМРО – ДПМНЕ мора да научи она што значи законска обврски, дека законски одредби треба да се почитуваат. Не би сакала пак да зборувам со флоскули, меѓутоа ако некој понуди свои министри, заземе соодветни ресорси, а не гласа за тие истите, тогаш каде е оправданоста? Едноставно станува збор за политички парадокс, истакна заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа во вечерашното гостување во телевизија „Сител“ посочи дека во СДСМ во тек се процеси за предлагање претседателски кандидат и кандидати за пратеници, а дополнително ќе се утврдува како ќе настапуваат на изборите.

– Тоа ни е во моментов фокус, понатаму ќе видиме. Треба да направиме разговори на ниво на раководство, да направиме разговори со нашите каолициони партнери, да ги видиме самите анализи, анкети, согледувањата и тн. и потоа да донесеме соодветна одлука. За кадровската понуда на изборните листи рано е се уште да зборуваме. Најдобрата кадровска понуда на овие избори секако ќе ја има СДСМ, секако заедно со се она што значи коалиција пред се зборувам за коалицијата која што ја имаме во рамки на Парламентот – појасни Лукаревска.

Додаде дека ЕУ агендата ќе биде симболика во рамки на целиот процес на изборна кампања на СДСМ и оти се отворени за сите политички партии кои се стремат кон истото.

Во однос на уставните измени таа ја потенцира важноста на меѓународната поддршка, воедно порача дека единствената опција за државата е ЕУ и дека поради тоа треба да надвладее разумот кај политичките чинители.

– Доаѓаат навистина видни еминентни, наши и меѓународни поддржувачи. Постојано ја имаме тука поддршката од САД, од сите релевантни фактори во ЕУ. Граѓаните гласаат, тоа е така. Електоратот, тоа е така. Наше е да понудиме проекти, наше е да понудиме мерки, наше е да понудиме просперитет на оваа држава.Ние не смееме да дозовлиме повторно да се враитме во 2016 година. Ние направивме премногу чекори,завршивме огромен борј од нашите домашни задачи и сега кога треба веќе да влеземе на патот кон ЕУ, веќе имаме пречка од дома. Зошто да дозволиме дома да се сочиме во некаков начин нараст, развој, просерпитет и слично. Мислам дека мора да надвладее разумот кај сите политички чинители во оваа држава, за да успееме и да сфатиме дека единствена опција ни е само ова ЕУ. Се останато, мислам ќе не врати многу чекори, могу чекори наназад – подвлече Лукаревска.