Фото: МИА

Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека претседателот Христијан Мицкоски дал предлог за преодна влада без ДУИ, и уставни измени со одложено дејство, откако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Но, како што наведуваат од партијата, Ковачевски тој предлог го одбил, а сега свикал состанок.

-Откако Ковачевски го одби тој предлог, претседателот Мицкоски даде втор предлог, избори, формирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, поддршка за националните прашања од опозицијата, барање на гаранција од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, и барање од Бугарија да имплементира 3 пресуди од ЕСЧП. Ковачевски и ова го одби. Откако Ковачевски виде дека заглави во слепа улица, тој се сврте кон свикување на состаноци – обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека нивните предлози се единствен излез за Македонија, како и дека значат и интеграција на државата во ЕУ и зачуван идентитет.