Фото: ЕПА

НАТО-самитот избалансира внатрешна согласност за одржување мирна меѓусебна клима

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постигнаа согласност за одржување мирна клима во билатералните односи помеѓу двете држави, за време на нивната средба на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон. Но Мицотакис се осврнал и на кипарското прашање, барајќи нови разговори за да се постигне решение.
– Премиерот се осврна на кипарското прашање, нагласувајќи дека 50 години по трагедијата од 1974 година, Кипар не може да остане поделен. Тој ја повтори потребата за одново почнување на разговорите за решавање на кипарското прашање – информираа од кабинетот на Мицотакис.

Двајцата лидери се согласиле и за интензивирање на соработката со цел за двојно зголемување на обемот на билатералната трговија. Грчкиот премиер, исто така, изразил и задоволство за соработката со Турција во борбата против нерегуларната миграција.

Мицотакис и Ердоган разговарале и за повеќе меѓународни прашања, со што во фокусот им биле последните случувања на Блискиот Исток и во Украина. Тие заедно ги разгледале и билатералните односи по нивната средба одржана во мај во Анкара, а разговарале и за нивната следна средба во септември во Њујорк. П.Р.