Фото: ДУИ

Обидот за влез на Алијансата на Албанците во Владата, претседателот на ДУИ Али Ахмети, го објаснува со проширување на мнозинство и создавање на алијанса за Европа.

– Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа – изјави денеска Ахмети.

Прашан стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на огнената група и пратениците од ДУИ, Амети вели дека тоа (разговорите со АА) нема никаква врска со огнената група.