ГЕТО – ВАРШАВА, АПРИЛ 1943, ДЕН НА ХОЛОКАУСТОТ
- Историјата е кружна! Бугарската влада и сега се измотава и кези на холокаустот за кој се виновни. Ако! Историјата кружи. Танцуваш со сатанот и богатства на туѓите маки. Ако! Аздисувај во блудољубието всадено во свеста од новосистемски компости. Колку повеќе блудиш, поголема ќе ти биде цената, но и одмаздата Господова. Што? Одмаздата била нехумана!?
- Евреите се најмногу фаќани и убивани по списоци – од конференцијата во Ванзе на 20 јануари 1942 година за „конечно решение на еврејското прашање“, на чело со Хајдрих и Ајхман. На списоците имало 11 милиони имиња со адреси. Како дознале – од шпиони и Абвер. Од нив се убиени шест милиони (според германски податоци). Во Македонија се спасиле само оние што биле партизани. Екстерминацијата е 99 проценти, а според документ, Белев се договарал со Ајхман подрачјето да биде експериментално
Почна со напад на сили безбожни. Цигли… црви… глувци… немој да одиш во долот на мртвите. Оти ќе видиш мешано месо, врз очи на твоите блиски, крв, фецес, блато, во синагогите каде што колеа свињи. Тоа е Варшавско гето. Рудник на смрт. Роден сум за ништо. Сега светот ти се смешка… колку е жално… потсмев, опашка на презирот, гнасно задоволство. Што си дошол овде? Што да видиш? Дека си задниот отпад на светот? Да броиш лицемери? Ете, ме донесе. Каде протекла канализација со крв. Отфитанети прсти, месо. Згради срушени, здробени. Смрдеа. Добро погледај таму се мртовци, чекаат да ги испокрадеш и кикотиш, нема кому да му писнат. Избриши се со фрлениот талит, туника, шадај, изгубената Тора, од десетте заповеди бриши сѐ. Да ги снема. Морален си, а? Губи се! Егон Бергер (мемоар) седеше врз трупот на татко му, гладен јадеше парче фрлен леб и несварени зрна грав од фецес на војник. Проаѓаат војници, дипломати, домаќинки, исплашени деца, булдожери, сите гледаат. Сѐ е на купче од оган. Остаток – изгорен во Треблинка.
„Гето“ е термин од средниот век, од италијанскиот јазик, и тоа во Венеција, каде што имало голема еврејска заедница, која по закон морала да живее ограничено (остров), затворена, со забрана за излегување. Значењето е „одлив“ или „тесна улица“. Кај Сефардите во Отоманската Империја состојбата е подобра, имало посебни квартови (кортижос), но без огради и забрани на движење. Кај нас нацистите направиле гето во Битола. Синагогите беа кланици, а од надгробните споменици направиле базен. Историчарот Најал Фергусон дава стравичен и тмурен опис на гетото во Франкфурт: тесно, влага, мрак, од каде што се банкарите – Ротшилди. Богатство е брутален излез од беда. Со ширење на нацистичката Германија, тие создале „гета“ (околу 1.000) за собирање Евреи, пред одење во логори. Варшавското гето било најголемо. Формирано е од нацистите во ноември 1940 година и скупчени се околу 450 илјади лица, мизерни – храна до 600 калории, хигиена никаква, вода ограничена. Многу умреле од глад и болести. На улица – убиваат. Секој ден по две-три илјади биле депортирани во логорот на смртта Треблинка во гасни комори. Убивањето на Евреите се базира врз закони – од Нирнберг, Германија, од 1935, од Софија 1941 (потпишан Закон за заштита на нацијата од цар Борис III), од усташка Хрватска 1941 итн. Германија ја признава вината, Хрватска и Франција делумно, а Бугарија не ја признава вината за холокаустот. Иронично, Бугарија вели дека е „спасител“ на бугарските Евреи, иако само од Софија се депортирани 25 илјади Евреи во логорот Плевен (според Леа Коен) и други логори покрај Дунав (речиси 50 илјади), каде што бил и татко ми. Тоа биле работни логори и татко ми велеше дека бил „костур“, под 40 килограми. На крајот и госпоѓата Коен, а и татко ми велат дека логорите ги ослободила Црвената армија, а сѐ друго се епизодни „шлагери“. Според авторот Сакер, околу 5.000 Евреи од Бугарија умреле од стрес и самоубиство. Пак ќе го споменам и нашиот пријател Бојан Секирарски, партизан од Куманово, врз кого се правени експерименти на коските без анестезија во Софија. Значи не е само Аушвиц, Берген Белзен или Матхаузен со такви морбидности. Грчките Евреи, преку 90 проценти депортирани во Аушвиц, поминаа ужасно – подложени на грозни експерименти – трансплантации, операции на гениталии, вадење очи. Македонските Евреи (под бугарска окупација) сите беа собрани во логорот Монопол во Скопје на 11 март 1943 година, потоа депортирани во Треблинка и убиени заедно со оние од Варшавското гето.
Според Раул Хилберг, два милиона Германци директно вршеа геноцид. Другите милиони не вршеа геноцид, но уживаа во профитот од тоа. Логорот Јасеновац изграден од усташи во Хрватска е најужасниот логор на смртта во човечката историја. Убивањето е со убод преку очи, набивање клин во главата, секири, сатари, „маљеви“, „србосекови“, вадење органи и глави на живо во посебни кланици, фрлање во јами итн. Сѐ во име на Бог и верата. Тие само парцијално ги признаваат своите злосторства. Берген Белзен е еден од грозните логори, каде што затворениците умирале од глад. Инфекции и операции. Таму починала и малата Ана Франк. Минијатурната душа вели „…ужаси наоколу, сепак човекот е добар“. А „јужен Јасеновац“ (Егејот или „македонско гето“)? Ќути Јано, ќути душо! „Ќути“ – наша политика. Гори, тепај – цивилизацијата ќе те награди! Признавање – ништо! Значи пак покољ. Многу луѓе (вклучително и кај нас) тврдат дека немало логори или бројот на убиените не е точен. Тоа го прават со уживање – „ете, нула сте!“. Историјата е лага, пљачка и ороспија. Евреите се најмногу фаќани и убивани по списоци – од конференцијата во Ванзе на 20 јануари 1942 година за „конечно решение на еврејското прашање“, на чело со Хајдрих и Ајхман. На списоците имало 11 милиони имиња со адреси. Како дознале – од шпиони и Абвер. Од нив, убиени се 6 милиони (според германски податоци). Во Македонија се спасиле само оние што биле партизани. Екстерминацијата е 99 проценти, а според документ, Белев се договарал со Ајхман подрачјето да биде експериментално. Радикалноста е поради т.н. „еутаназија проект“ измислен не само од Германци туку и бизнисмени (Рокфелер, Хариман, Форд, Нисен). Од неевреите најмногу се убиени Руси – процена е над 24 милиони и Полјаци околу шест милиони, што заедно значи половина на жртвите во Европа. Еден кој бил на Источниот фронт велеше „наредбата беше – оди, пукај во сѐ што мрда, луѓе, животни, пали, не мисли“. Јапонците во Кина и Азија биле погрозоморни. Вкупните процени на жртвите од нацизмот во светот се движат од 55 до 80 милиони. Бог да ги прости, амин!
Пак на Варшавското гето. Околу 250 илјади Евреи од гетото биле убиени во Треблинка само во 1942 г. („Grossaktion Warsaw“), а 50 илјади во Мајданек. Гетото е спалено во мај 1943 година, по востанието во април 1943. Затоа во април (месецот Нисан, а оваа година на 24 април) е Интернационален ден на холокаустот (Јом Хашоа), кога е кренато востанието. Во Израел во одредено време застануваат сообраќајот и пешаците, со свирење на сирени во чест на мртвите. Инаку, однесувањето на цивилното население во Полска било амбивалентно. Имало и такви што ги криеле Евреите или им помагале во гетото. Многу од нив биле свештеници. Ние често неправедно генерализираме дека сите Полјаци биле лоши спрема Евреите. Точно е дека имало и такви што поткажувале или директно убивале, а полските партизани ги напаѓале еврејските партизани. Но, како што реков, генерализацијата е неправедна. Според нашиот пријател, британскиот историчар Мартин Гилберт, најголем број плакети за праведници од Израел им се дадени на Полјаци. Востанието започнало на тогашен 19 април 1943 година, кога бројот на Евреите во гетото од 450 илјади паднал на 40 илјади. Главни водачи и организатори биле Мордекаи Аниелевиц и Јицак Цукерман, а од германска страна бил SS-командирот Јирген Струп. Прво востаници се криеле во бункер на улиците „Мила 18“ и „Мила 29“ (в. романи на Урис, Крузман, Гутман), а потоа насекаде. Имале малку оружје, а деца и партизани шверцувале муниција, бомби, пушки и шишиња со бензин (Молотови коктели). Првично биле запалени неколку борни коли, тенкови и бункери – самоубиствени напади „камикаѕе“. И покрај неколку засилувања (Хајнрих Химлер лично се залагал), отпорот траел околу три недели (до мај 1943 година). Камикаѕи постојано. Гетото се запали. Заробените се убиени. Марек Еделман, еден од командантите што успеале да избегаат, велел дека идејата не била Евреите да се спасат, што било апсолутно невозможно, туку да покажат отпор и да не одат во смрт како стока.
Тоа е и слоган во модерниот Израел, кој постојано е во опасност од околината и антисемитите – да не дозволат да бидат клани како стока! Да се борат до смрт! Борбата не е храброст, туку одговорност. Смртта е чест. Ѓаволот го бркаш сам – комшијата го носи. Гетото во мај било спалено и тотално срушено. Варшава е ослободена од Црвената армија во склоп на операцијата Вистула-Одра (маршал Георги Жуков, Конев, Росоковски) со тенкови „сталин“, Т-34 и Т-34-85, BМ-13 лансери и Првата полска армија (ген. Зигмунт Берлинг и ген. Станислав Поплавски). По војната почна процес на „денацификација“… смешно, фарса, извинете. Милиони се негибнати – станаа повоени функционери, генерали, канцелари, банкари, советници, агенти, лидери… дури и кај нас. Сите Евреи од Полска отидоа во Израел и други земји.
Дојди во градот на пустошот. Дојди, дојди… Духовите те чекаат. Не поклонувај се, граѓанину на светот – извини, не го заслужуваш тоа. Ни ти, ни јас. Не ти верувам на зборот. Искрени нема! Вие олигарси – а ние лумпенгубитници. Од наш имот, наша крв! Без срам, заговарате нова војна. Еј, деца мои, заколнете се дека нема да му верувате некому, никогаш! Антисемитизмот е до небото. Во САД до скоро џихадистите тепаа Евреи во сите универзитети. Не објавуваат. Лажат! Раптус – врз Европа. Можеби мојата земја е исклучок и тоа го ценам. Но и неа ја јавнаа лажговци и нарковладетели. Што е македоноцид? Читајте ги Андреевски, Плевнеш, Карнегиева комисија, просветителите македонски, револуционери, МПЦ, Бернштајн, Лапе, Ристевски, Колбе, Светозаровиќ, Коцарев, Клетников… дополнете ве молам… многу Македонци се со големи знаења – но молчат! Прашање: Зошто Македонецот го презираат како Евреинот и душникот му го притискаат? Дилери и шпиони, драги читатели! Тие сервираат, матат, владеат. Капиши? „Паметен“ е оној што ги уби дедо ми и баба ми и им го зеде имотот. А јас – „глупав“ лумпенголтар. Ако! Анатема! И што да прави Македонија? Татко ми велеше: „Синко, учи си ти медицина, ама и лопата фати, учи орање, храна ќе ти треба“. Јас не послушав, послушајте вие. Можеби ќе преживеете. А оние „добродушници“ и џихадомилувачи солидаризирани со сатанот – ако! Историјата е кружна! Бугарската влада и сега се измотава и кези на холокаустот за кој се виновни. Ако! Историјата кружи. Танцуваш со сатанот и богатства на туѓите маки. Ако! Аздисувај во блудољубието всадено во свеста од новосистемски компости. Колку повеќе блудиш, поголема ќе ти биде цената, но и одмаздата Господова. Што? Одмаздата била нехумана!? Губи се! Одмаздата е света. Одмазди се и душата ќе ти оди на небо. Учи го животот. Аурора! Анатема! Ги љубиш и обожаваш дивјаците, јавачи на апокалипсата. Добре дојде, те чека градот на масакрите.
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио