Фото: Официјална интернет-страница на Петар Стојанов

Според поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Македонија.

Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример. Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската Унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Македонија на нејзиниот пат кон Европа.

Сепак, според поранешниот бугарски претседател, предизвиците денес се нови. Стојанов беше претседател на Бугарија од 1997 до 2001 година.