Премиерот Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

Во разговорот, на кој присуствувале и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја, со кои Брисел потврди декаМакедонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ, информираат од владината прес-служба.

Заев ја информирал претседателката на ЕК и за тековните разговори со Бугарија и ги презентирал позициите на Македонија.

Фон дер Лејен истакнала дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Македонија во ЕУ.