Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален Фејбук профил во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ. 

Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители.