ВМРО-ДПМНЕ го честита изборот на новиот претседател на САД, Џо Бајден.

– Посакуваме многу успеси, плодна работа и истрајност во борбата против глобалните предизвици. Се надеваме дека политиките на меѓународно поле ќе донесат мир и стабилност и ќе го обезбедат толку посакуваниот просперитет на секаде во светот, но и во нашиот регион – се наведува во партиската честитка.

Во неа се наведува дека светот во овие моменти минува низ можеби најтешкиот период по Втората светска војна и затоа потребни се одлучност, крупни чекори и промени.

– Секој поединечно може да направи добри работи, но сите заедно и обединети во нашите заеднички цели можеме да постигнеме големи дела – велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката.