Фото: Маја Јаневска-Илиева

Спорот помеѓу Македонија и Бугарија бил вовлечен во пазарењата за отстапки на министерскиот состанок во ЕУ одржан завчера, чии учесници имале потешкотии да најдат заеднички јазик за повеќе прашања, тврди „Еурактив“ повикувајќи се на дипломатски извори.

Бриселскиот портал дознава дека дел од заклучоците наводно биле задржани од страна на Загреб, поради барањата на Хрватите во БиХ. Германија и Холандија кои првично се спротивставиле на хрватските амандмани, потоа попуштиле во замена за, како што се вели, „бугарскиот благослов за прашањето на јазикот поврзано со Македонија“. Не е прецизирано што точно значи „бугарскиот благослов“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ потврдија дека ќе им овозможат на шест држави од Западен Балкан да се придружат на европскиот блок, без да прецизираат временски рок, наспроти потешкотиите за изнаоѓање заеднички јазик на дискусијата на која имало и жестоки несогласувања, заклучува „Еурактив“.