Фото: Горан Анастасовски

Здравје, заштита и подобра иднина за секое дете е пораката која ја пратија вработените во првата приватна општа болница „Ре-медика“ и Амбасадата на Република Словачка на заедничкото одбележување на Меѓународниот ден на децата.

Децата се благослов и за семејството и за општеството, тие се наше огледало и наши идни судии, и, како што истакна Елица Јорданова, директорка на „Ре-медика“, не попусто во Декларацијата за правата на децата стои дека човештвото им должи сè најдобро што може да им се даде.

Фото: Горан Анастасовски

– На иницијатива на н.е. амбасадорот Ненрик Маркуш и неговата сопруга Жанет Маркушова, а на наша огромна чест и задоволство, за првпат заеднички го одбележуваме овој прекрасен ден. Нашата посветеност ја потврдуваме и во родилиштето, на неонатологија, во одделот за педијатрија – истакна Јорданова.

Фото: Горан Анастасовски

Маркушова, која симболично подели подароци за бебињата и цвеќе за мајките, посака многу здрави и насмеани деца. Таа додаде дека секое дете заслужува живот и развој во сигурно и здраво опкружување.

– Соработката со „Ре-медика“ за нас е од огромно значење, а мене ме поврзува и лично како задоволна пациентка. Токму затоа и инициравме овој важен ден да го одбележиме заедно со персоналот на болницата и заедно да упатиме гласна порака дека нема ништо повредно од децата – рече Маркушова.

Фото: Горан Анастасовски

Проф. д-р Андреја Арсовски, медицински директор на „Ре-медика“, изрази задоволство за заедничкото одбележување на овој ден.

-Грижата и негата за децата се наш императив – рече проф. д-р Арсовски.

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски