Фото: Игор Бансколиев

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија на сеизмолошките станици одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 18.18 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 115 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, со Рихтерова локална магнитуда 2,6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала.