Почина познатиот адвокат Јован Јоанидис

На 12 ноември (сабота) 2022 г. ненадејно почина познатиот адвокат Јован Јоанидис, основач и партнер на Адвокатското друштво „Јоанидис“ од 1979 година. Тој беше меѓународно реномиран експерт по право на интелектуална сопственост, вклучително и прашања за трговски марки, патенти и авторски права, во комбинација со длабинска експертиза кога станува збор за конкуренцијата. Тој е признат експерт по кривично право со огромно искуство, дејствувајќи како обвинител, судија и бранител што се однесува до кривичното право. Неговите остварувања не ја опфаќаат само Македонија, туку и надвор.
Јован Јоанидис (10.06.1949 – 12.11.2022) завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1973 година и се стекнал со диплома од Правниот факултет. Работел како судија на кривични предмети од 1976 до 1978 година, бил заменик на основниот јавен обвинител од 1974 до 1976 година и приправник во јавното обвинителство од 1973 до 1974 година.
Член е на Адвокатската комора на Република Македонија, ко-основач и претседател на Здружението на претставници на патенти и трговски марки од неговото основање во 1994 година, член на Светската организација за интелектуална сопственост. Соработувал со многу меѓународни и национални правни и патентни фирми; Здружение на судии во Македонија; Здружение на јавни обвинители во Македонија; Канцеларии за заштита на интелектуална сопственост – Скопје, канцеларии за заштита на интелектуална сопственост во други земји; Светска организација за интелектуална сопственост.
Покрај својот богат и успешен професионален живот како борец за правда и адвокат од кариера, доследен на своите ставови, Јован Јоанидис беше и посветен семеен човек, сопруг, омилен татко и дедо, столб и поддршка на своето семејство, кое ќе ја продолжи неговата успешна работа преку Адвокатското друштво „Јоанидис“, исполнувајќи ја неговата желба и аманет.
Посмртните останки на Јован Јоанидис ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17 ноември (четврток) од 13-14 часот.
Вечното почивалиште на Јован Јоанидис ќе биде во Алејата на великаните, место што несомнено го заслужува.