Фото: Скопска епархија

Тоа се прави на посебен начин и е постапка која трае цели три дена. Годинешното варење на миро започнало на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици

Свечен чин на осветување на новото миро беше извршен денеска од страна на црковните достоинственици на Македонска православна црква-Охридска Архиепископија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

По повеќе од дваесетина години ова е ново варење на миро и вкупно четврто откако македонската црква е возобновена како автокефална во 1967 година.

Фото: Скопска епархија

Осветеното миро е посебно масло со кое во црковните храмови се извршува светата тајна миропомазание по крштевањето и се осветуваат цркви и антиминси.

Варењето на свето миро е одлика на автокефални цркви иако тоа може да се добива и од други православни цркви.

Тоа се прави на посебен начин и е постапка која трае цели три дена. Годинешното варење на миро започнало на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици.

Откако мирото било сварено во него беа излиени бројни етерични масла, по што новосвареното миро било излеани во алавастери.

Потоа, тоа беше пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде за време на Великочетврточната Василиева Литургија, архиепископот во сослужение на останатите архијереи, го осветил новото миро.