Фото: Маја Јаневска-Илиева

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Викендов во некои делови од земјава температурата ќе достигне до 39 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, утре температурата ќе биде во интервал од 12 до 38 степени, в петок од 13 до 38, сабота од 14 до 39, в недела од 13 до 39, понеделник од 14 до 38 и во вторник од 13 до 37 степени Целзиусови.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.