Фото: МВР

Во засилена акциска контрола на полицијата спроведена од  15 до 21 август 2022 на територијата на државата изречени се 425 прекрчни казни на возачи на мотоцикли, објави МВР.

– Од нив, 312 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 60 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради побезбедни патишта.