Од Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека по дипломатски пат, соодветно реагирале до официјална Софија, да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.
– Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави – истакнаа од МНР.