Министерството за надворешни работи ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Либан, да ја напуштат оваа држава во прва можна прилика, поради влошената безбедносна ситуација. Исто така, МНР апелира да се одложат сите патувања кон Либан, кои не се неопходни.
– Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан – се вели во апелот на МНР.
Како и секогаш, МНР ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ), информираат од министерството.