Фото: З.А.

И годинава на 79-годишнината од погибијата на Коста Солев Рацин, планинари од повеќе планинарски друштва во земјава спроведоа еднодневен марш од село Извор Кичевско до планината Лопушник во месноста Јама, каде што во 1943 година загина творецот на „Бели Мугри“, Коста Солев Рацин.

Фото: З.А.

-Во последниот викенд пред 13-ти јуни,денот на погибијата на Рацин, планинари од повеќе планинарски друштва од земјава и годинава ја одбележаа годишнината од смртта на поетот.На планинарскиот марш од село Извор до врвот Стог на планината Лопушник, учествуваа планинари од градот домаќин Кичево,ПСД „Бистра“ и ПЕД „Ендорфини“, еколошкото друштво од градот на Рацин, Велес, „Грин Пауер“, планинарското друштво „Козјак“ од Куманово, „Клепа“ од Росоман, а имаше и планинари поединци и помали групи од Битола, Штип и други градови во земјава. Околу 70 учесници на маршот од село Извор тргнаа во 7 часот изутрина за по 4 часа пешачење да пристигнат на предвидената одредница, каде свое обраќање имаше претставник од друштвото домаќин „Бистра“, а беше прочитана и творба на велешкиот новинар и почитувач на Рацин, Александар Кукулев – истакна Игор Смилев од еколошкото друштво „Грин Пауер“ од Велес.

-Не сме случачјно собрани тука на врвот Стог.Не повика човекот болка-Рацин и неговиот збор кој се уште живее преку неговите стихови што на вонвременски начин ја опишуваат безнадежноста на неговата љубов.Бескраја благодарност на општина Велес која помогна овој марш да стане традиционален и составен дел од Рациновите средби – потсети членот на „Грин Пауер“ , Игор Смилев.

З.А.