Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Ние остануваме спремни на секое едно законско решение да дадеме забелешки, да го подобриме секој еден закон што ќе биде предложен. Но, јас би кажал дека ние како институции, пред сѐ, ќе бараме квалитет и професионализам. Нас ни требаат квалитет, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во Демир Капија, одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето дали како министерства ќе имаат некакви предлози во оние најави за нов закон, одговори и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека „секој еден во оваа држава треба да се фокусира на она што му е надлежност и за она за што зема плата“.

– Уставниот суд е надлежен да оценува она што е во рамки на негова надлежност во делот на усогласување на сите законски и подзаконски акти во рамки на Уставот. Ние како Министерство за внатрешни работи и како Министерство за одбрана, особено Министерство за внатрешни работи, сме надлежни во рамки на обезбедување сите оние предуслови за да имаме мирен и спокоен, безбеден живот во Македонија – рече Тошковски.

Во иднина, рече,  ако сметаат дека треба да се подобри одреден дел од законската регулатива, подзаконските акти и така натаму, нагласи дека не гледа зошто да не го сторат тоа.

– Сметам дека од аспект на наша надлежност, дејства што се преземаат, мислам дека е во рамки на она што е утврдено и со закон и со Устав и со подзаконски акти, сега засега – подвлече Тошковски.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ги посетија припадниците на баталјонот на специјални сили и единицата за брзо распоредување, што заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија.