Фото: Архива

Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И., информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (24.6.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа – стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.